На задоволство на публиката која го слуша повеќе од 40 години, легендарниот радио водител Драган Б. Костиќ се враќа во етерот. Неговата емисија "Кавервил" (со стории за најпопуларните кавер верзии) секој работен ден ќе се емитува на мрежа од 14 партнерски радио станици низ Македонија и преку едукација, информација и забава сака да го обедини слушателскиот аудиториум.
Време е да се едуцираме со добра музика и да го слушнеме повторно препознатливиот глас на Драган Б. Костиќ кој недостасуваше во етерот.