По потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, странските политичари Македонија ја сметаа за пример на решавање на меѓуетничките односи. Но, години подоцна, поделени се оценките дали земјата може да даде импулс во регионот за решавање на секогаш емотивните односи меѓу заедниците. На оваа тема се дебатираше на првата радио - дебата од проектот „Дебатирањето менува“ на Диверзити медиа.