Хардкор Нација е емисија за тврдокорен, старошколски рап која се емитува секоја Недела од 20 часот. Се разговара, се пушта квалитетен рап и се дискутира за настани кои се поминати и за оние кои предстојат во иднина.
Ја познаваш ли срцевината на РАПОТ? Си стигнал ли до јадрото на нај есенцијалниот звук на истата таа уметност? Закопани длабоко во минатото за сметка на денешните РАП икони, постојат артисти и проекти од кои ќе ти падне вилицата. Рашири го спектарот на твоите познавања за историјата на овој наркотик. Прифати ја енергијата која ја емитира аурата на најквалитетниот андерграунд РАП намерно сокриен од сите вас. Пушти ја емисијата и слушни го тоа што 95 % од Македонската РАП маса не ни знае дека постои.
1.Тврда бум-бап рап сесија стручно избрана од Миста 93
2. Интервју со Миста 93 (1:20:00)