Стани и оди - проповед на Никола Кимов, ХЦ Велес, 29.04.2018 год
Христијански Центар Велес
0:000:00
Description
Заради делото на Христос на крстот се помирија небото и земјата и се отвори патот за Светиот Дух да дојде на земјата.Светиот Дух живее во црквата, односно во срцето на секој кој исповеда вера во Христос. Заради тоа што е Светиот Дух во нас, ние имаме пристап до сите тајни на царството.Всушност Светиот Дух ќе ти открие се во што ќе се загледа твоето срце.Не може во нас да има ништо по вредно од полнотата на Светиот Дух. Верувам дека ние никогаш ни сега ни покасно во било која форма на живот ќе имаме во себе поголемо богатство и полнота од тоа што веќе ни е дадено, односно од тој што веќе ни е даден.Со Исус Христос дојдоа благодатта и вистината , а со Светиот Дух сега тие се целосно практични и живи во тебе. И тоа не само вистината која може да ја види и светот, уку и благодатта која може да ја види само оној кој верува.Вистината сама по себе не е доволна,потребна и е благодата за да биде жива. Вистина е дека преку раните на крстот си исцелен ама благодата го прави моментот „Стани и оди“