Сведокот на праведноста - Никола Кимов, ХЦ Велес, 25.03.2018 год
Христијански Центар Велес
0:000:00
Description
Она што како настан од иднината го нарекуваме Второ Христово доаѓање, би било многу по правилно да се нарече Повторно доаѓање.Тоа е така прво затоа што и новиот завет го користи тој термин,а воедно како што вети Христос„Нема да Ве оставам и нема да бидете сираци,и ќе бидам со Вас во сите дни до крајот на светот". Нешта кои јасно укажуваат дека Христос и сега е со нас тука и живее во нас и во Црквата преку Светиот Дух кој ни го испрати.И како што пишува во евангелието на Јован во 16та глава 7от стих „Подобро за вас Јас да си заминам зашто ако не си заминам Утешителот нема да дојде кај вас,ако пак заминам ќе ви го испратам“.Понатаму Исус кажува дека „нема да ме гледате, но за кратко пак ќе ме видите и тогаш ќе се зарадуваат срцата ваши“.Верувам дека „за кратко“ се однесува на периодот од Христовото вознесување се до пентакост, кога врз Црквата се изли и остана Утешителот-Светиот Дух.Св.Дух ја изградува Црквата така што ја просведочува за христовата праведност кој Тој ја донесе од небото.