Власта на праведниците I дел - проповед на Никола Кимов, Христијански Центар Велес, 04.02.2018год
Христијански Центар Велес
0:000:00
Description
Љубовта не се учи. Љубовта се прима. И ние ја примивме Божјата љубов кога Светиот Дух се насели во нашите срца и ја донесе и излеа Божјата љубов во нас. Таа љубов која ја примивме сега можеме да ја разбираме и користиме, и таа ќе не доведе до разбирање на праведноста и власта која Бог ни ја дава во овој свет. Тој што ја разбира Божјата љубов не се плаши да владее. Не се плаши да биде тој што Бог кажал дека е. Не се плаши да ги користи даровите на Светиот Дух. Тој разбира дека љубовта дава право на власт, но истовремено бара и одговорност, доколку таа власт не се практикува. Во светот или ќе владее Бог преку дарот на праведноста на праведниците резултирајќи со вечен живот или ќе владеат силите на гревот и смртта. Црквата не е повикана да се повлекува и плаши , туку да ја манифестира Божјата љубов и власт на земјата.