Полнота на благодат во името на Исус Христос - проповед на Никола Кимов, ХЦ Велес, 20.05.2018 г
Христијански Центар Велес
0:000:00
Description
Се што содржи името Исус Христос нам ни е дадено. Исус дојде полн со благодат и вистина. Да не останеме само на тој момент да ја знаеме само вистината, туку и да ја живееме истата. Тоа е како кога би те послужиле кафе со локум, и го пиеш кафето без локум и доживувањето не е целосно. Вистината секогаш оди заедно со благодатта, со цел да се постигне целата полнота. Вистината прави да знаеш, а благодатта прави да си сигурен и кога ќе се вклопат тие две нешта заедно се случува нешто што се вика живот,или манифестација на вечниот живот. Секогаш кога ќе слушнете вистина и вашето срце ќе ја препознае и ќе заигра знајте дека таа вистина мора да биде пропратена со благодат која ќе ја оствари на дело. Бог не сака да си игра со нас,во смисла Ќе им кажам големи ветувања,ама тие ќе се помачат, или за кои ќе почекаат.НЕ!Исус кажа (Јован 16: 23-24) “Се што ќе побарате од таткото во мое име, таткото ќе ви даде.Досега ништо не сте барале во мое име,барајте и ќе добиете,за да биде вашата радост полна“.