Мисли и мотиви во благодат - проповед на Никола Кимов, Христијански центар Велес, од 28.01.2018 год
Христијански Центар Велес
0:000:00
Description
Христос е светлина и во Него нема никаква трага од темнина. Тоа пред се се однесува на Неговиот ум во кој нема ниту една погрешна мисла, односно ниту една мисла која не е Боженствена. Христовиот мотив е секогаш љубов, и затоа неговата сила нема ограничувања. Нашиот ум како се обновува станува се посличен на Христовиот, и нашите мисли, мотиви и намери стануваат се поблиски до неговите. Со тоа и нашата сила и нашите дела имаат Боженствен отсјај. Всушност плодот на Духот со сите негови делови произлегува од обновениот начин на размислување, од каде доаѓа и смелоста да ги користиме даровите на Духот и нивната сила, со што целосно се манифестира Божјото царство на земјата преку Црквата.