Крстот денес - проповед на Никола Кимов, Христијански Центар Велес, од 04.03.2018 год.
Христијански Центар Велес
0:000:00
Description
Крстот не е минато. Крстот постои и денес. Постои во духовната реалност, која е реалност над сетилната. Постои како место каде што се спојуваат и се помируваат небото и земјата. Царското свештенство е тоа кое што доаѓа до крстот, ја остава својата природа таму и зема нова која се вика Христова Праведност. Преку таа праведност црквата - царското свештенство ги прогласува и ги прави видливи доблестите на Оној кој не повика во чудесната светлина на новиот живот. Царското свештенство овозможува да преку него луѓето од овој свет видат дека е можно, достапно и сосем реално тоа што е запишано во Галатјаните 2:20 „ Со Христос бев распнат, и јас веќе не живеам туку Христос живее во мене, а животот што сега го живеам во телото го живеам преку верата во Божјиот син кој ме засака и се предаде себе си за мене.“ Всушност ова значи дека буквално се што е дел од старата природа е земено и приковано на крстот за да од таму по воскресението на Христос ја земеме целата Божествена праведност,сила и живот.