Живот во изобилие - проповед на Миле Димовски, Христијански Центар Велес, 21.01.2018 год.
Христијански Центар Велес
0:000:00
Description
Живот во изобилие значи живот во вистинска смисла на зборот, но според стандардите на небото, а не според стандардите на светот. Постои огромна суштинска разлика помеќу овие два вида на стандарди или вредности. Многу луѓе кои имаат различни работи мислат дека се благословени, но не мора да е така. Зашто благослов е само тоа што Бог односно Неговата благодат ти го дала. Светот најчесто не може да ги препознае и разбере небесните вредности-благослови, но црквата може. Затоа ние Црквата, сме повикани да живееме согласно тие небесни вредности, дури и кога тоа значи да се мине низ различни страдања. За светот овие страдања изгледаат како казна, а за нас се врвна манифестација на Божјата благодат. Исус Христос има живот во изобилие, а каков е Тој такви сме и ние на земјата.