Воскреснати со Него - проповед на Александар Дуковски, Христијански Центар Велес, 15.04.2018
Христијански Центар Велес
0:000:00
Description
Стихот од Матеј 6:33, кој не упатува да го бараме најнапред Божјото царство и Неговата праведност и се друго ќе ни се придодаде,всушност е кажан пред крстот и не важи повеќе за оние кои поверувале и веќе го примиле во себе Божјото царство и Христовата праведност.Согласно Ефесјани 1:3 ние сме веќе благословени со секаков духовен благослов на небесата,место на нашиот одмор и уживање.Сега не е време да го очекуваме и да се плашиме од Божјиот гнев,кој последен пат се изли врз Ерусалим во 70г од I век. До книгата Излез 22 глава никаде во библијата не се спомнува за Божјиот гнев. Всушност цели 2 847 години не се спомнува за таков израз.Тоа е така затоа што согласно посл. до Римјаните 4:15 законот донесува гнев. Исус кажа сега е судот на овој свет и е изгонет принцот на овој свет. Нашата позиција е таму каде Бог не постави во Христос на третото небо.Бог не сака да не промени туку да не замени во новите битија и живот кој ги подготви за нас. И сега каков што е тој такви сме и ние во овој свет.