Љубов или љубомора - Никола Кимов, Христијански центар Велес, 12.08.2018 год
Христијански Центар Велес
0:000:00
Description
Црквата е на највисоката позиција за да му ја покаже Божјата љубов на овој свет и да биде одговорна кон овој свет,а не владее за да камшикува. Највисоката позиција повлекува најголема понизност.Исус беше најпонизниот зашто дојде од највисоката пзоиција од која можеше да се дојде.Тој ни покажа што значи таа понизност.Понизност значи да си свесен за својата висока позиција.Не може да останеш на висока позиција без понизност.Таа е потврда на високата позиција.Бог ни даде се што ни е потребно за живот и побожност, тоа е Светиот Дух во нас и ја излеа Неговата љубов во нашите срца. оа што е излеана Божјата љубов во нашите срца значи дека постои таа таму некаде, но не значи и дека ја манифестираме.Што ќе правиме со неа е прашање кое зависи од нас. Ние имаме слобода што ќе правиме. Имам дома алати кои си стојат и не ги употребувам, а со нив може страшно добри работи да направам.Тој што не ја разбрал и искусил дадената Божја љубов ќе остави празнина во своето срце кое се нарекува љубомора.