Христос во нас, надеж на славата - Никола Кимов, ХЦВелес, 01.04.2018 год.
Христијански Центар Велес
0:000:00
Description
Во првото послание до Коринтјаните 2:9 пишува„Што око не видело,што уво не чуло,и што во човечкото срце не дошло,тоа Бог го подготви за оние кои го љубат“.Ова не се однесува за нешта кои би ги вкусиле во некаков задгробен живот по воскреснувањето.Ова се однесува за сега и овде, односно овој стих укажува на Светиот Дух кој живее во црквата.Тоа е оној за кого уво не чуло,око не видело,нити во човечкото срце дошло пред да поверуваме во Христос и Неговата жртва.Тој, Светиот Дух најголемата и најчудесната личност која е на земјата живее во секој кој верува во Христос.Од Него нема ништо поголемо и повозвишено што било кога можеш да имаш.Тој ја изградува црквата и и носи мудрост од небото.Затоа ние сега не мораме да чекаме да минат години исполнети со искуство и учење кои најчесто имаат висока цена,туку можеме да ја примиме мудроста од небото од Оној кој предходно знае се. Така сега Црквата поради Светиот Дух во Неа може да си ги реши сите свои проблеми и предизвици,но и проблемите на светот.