Коренот на праведноста - проповед на Никола Кимов, Христијански Центар Велес, 14.01.2018 год.
Христијански Центар Велес
0:000:00
Description
Коренот на нашата праведност не лежи во нашата одлука да поверуваме, туку согласно Посланието до Ефесјаните 1 глава:4 и 5 стих тој се наоѓа во Божјата воља и одлука да не создаде свети и непорочни пред Него во љубов уште пред сите времиња. Децата не се раѓаат грешни, иако го носат гревот на Адам во себе кој генерациски во телото се пренесува. Кога гревот ќе дојде во контакт со законот тој оживува и го убива човекот. Како што вели апостол Павле во Посланието до Римјаните во 7 глава од 8 - 11 стих „ И јас некогаш живеев без законот, но кога дојде заповедта гревот оживе, а јас умрев“. Затоа Благодатта на Господ Исус Христос која го укина законот не носи во состојба да можеме да поверуваме и бидеме нановородени што значи да бидеме повторно вратени во состојбата какви што Бог не создал согласно Неговата намера и цел пред сите времиња.