Исповедта на верата преку дарежливоста - Никола Кимов , ХЦВелес, 22.04.2018 год
Христијански Центар Велес
0:000:00
Description
Нашиот Бог е дарежлив и Тој нас ни дава поради неговата дарежливост, на тој начин се манифестира Неговата благодат во нашите животи. Бог не ни дава затоа што мора дури ни затоа што имаме потреби, туку пред се затоа што е дарежлив. Зато и ние во секое давање да не бидеме водени од било каква околност или притисок, туку само од дарежливоста што резултира со радост. Согласно Римјани 5:2, верата која Бог ни ја дал има пристап до благодатта во која стоиме. Верата може да ја види благодатта, затоа може и да ја земе. Верата може да го види Бог и небото. Писмото вели, да се држиме цврсто до исповедта на нашата вера. Тоа што верата го гледа, може и да го каже и на тој начин преку збор да го пренесе во реалноста во која се наоѓаме. Затоа Верата не смее да молчи. Вера која молчи е неделотворна. Но ние кои сме послушни на верата и кои другите ги водиме во послушност на верата ги зборуваме, исповедаме нештата кои верата ги гледа на небото создадени од Бог за нас и ги пренесуваме во нашата реалност.