Дарежливост поттикната од Христос - проповед на Илија Таневски, 13.05.2018 год
Христијански Центар Велес
0:000:00
Description
Црквата е дел од Божјото царство, и затоа таа не е препуштена сама на себе,туку секогаш има помош од горе, од небото, од Светиот Дух и небесните битија. Христовата Црква ја одликува дарежливост која е поттикната од Христос. Дарежливоста не е обично давање, тоа е подарување на одредени вредности вклучувајќи и давање на пари што го одразува Христовиот карактер. Затоа давањето врз основа на оваа дарежливост е свет чин и света служба на црквата во овој свет. Бог ни дава не заради сожалување туку поради неговата дарежливост. Дарежливоста е нешто што излегува од срцето на Бог затоа таа не може целосно да се разбере. Дарежливоста не е принцип туку особина на Бог. Дури и да ја сватиме како принцип или доктрина Бог е сепак над своите принципи и во дејствувањето не е ограничен од нив. Согласно Колосјани 2:6 ние примивме се од Бог, целата негова полнота, го примивме Христос кој Бог го даде за нас. Затоа добивме и можеме слободно да даваме,но и не само слободно, туку и радосно.