Власта на праведниците II дел - проповед на Никола Кимов, Христијански Центар Велес, 11.02.2018год
Христијански Центар Велес
0:000:00
Description
Само Црквата - праведниците имаат право и сила да го манифестираат Божјото царство на земјата. Паднатите духовни сили на различни начини се обидуваат да ја узурпираат духовната власт застанувајќи на одредени духовни позиции во поднебесниот простор, но тие не може да имаат вистинска власт. Нивната власт произлегува од човечкото останување во грешната состојба и човечкото прифаќање на смртта, која зацари преку гревот. Тие што го прифаќаат Христовото дело на праведност се тие кои единствено имаат право на власт, затоа што вистинската власт секогаш почива на љубов, вистина и праведност.