Божјата љубов е таа која менува - Никола Кимов, Христијански Центар Велес, 22.07.2018 год
Христијански Центар Велес
0:000:00
Description
Љубовта го гледа моментот: каде е човекот, каде е гревот. Во љубовта никогаш нема осуда. Човекот не е предмет на осуда, само гревот е предмет на осуда. Го мразиме гревот , но ги љубиме луѓето. Отстранувајќи го гревот да внимаваме да не случајно го отстраниме и човекот. Човекот потребно е да го гледаме во љубов, односно во потенцијалот на тоа што Христос го направи за него на крстот. Гледањето во љубов ни помага вистински да го гледаме човекот и воедно мудро да постапуваме. Пример доаѓа издемонизиран човек и ние го гледаме демонот кој треба да го изгониме, притоа да внимаваме да не човекот со демонот ги избркаме.